Руски специјалци ги дезинфицираат старските домови во Ломбардија

Руските воени специјалци, заедно со италијанските колеги, дезинфицирале три дома за стари лица во северната италијанска покраина Ломбардија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Дезинфицирани се вкупно 18.000 квадратни метри простор, пренесува ТАСС.

Досега руската војска дезинфицираше повеќе од 29.000 квадратни метри простор на 11 медицински установи во Италија.

Рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Џузепе Конте на телефонскиот разговор се согласија на 21 март дека Русија ќе испрати помош во Италија во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Русија испрати 15 авиони со околу 100 воени вирусолози и епидемиолози, со опрема за дијагностицирање и дезинфекција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.