Два авиона со заштитна опрема пристигнаа во Шпанија

Два авиона со заштитна опрема пристигнаа денеска за помош на оптоварениот шпански здравствден систем, откако бројот на потврдени случаи на коронавирус надмина 100.000 лица.

Авиони со заштитни маски, комбинезони и антибактериски производи, еден од Кина и еден од Турција, слетаа на воениот аеродром во близина на Мадрид, соопшти Министерството за одбрана.

Шпанија денеска го надмина бројот од 9.000 починати и повеќе од 100.000 зразени.

Шпанија стана втора земја по број на жртви по Италија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.