НАТО ќе испорача медицинска помош за сојузниците

НАТО ќе ја забрза испораката на медицинска помош на сојузниците кои се најмногу погодени од вирусот, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Ја мобилизираме поддршката на сојузниците за да им помогнеме на оние кои имаат очајна потреба, рече Столтенберг во интервју за „Ројтерс“.

Столтенберг додаде дека турски авион денеска ќе испорача медицинска опрема за Шпанија и Италија.

Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, оцени дека коронавирусот претставува „глобална здравствена криза“ и нагласи дека „НАТО ја дава својата улога за да помогне во заедничката борба против невидливиот непријател“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.