Коронавирусот не знае за религија и граници, Антонио Бандерас повикува на солидарност

Познатиот шпански актер Антонио Бандерас се приклучи на списокот со јавни личности, кои на секој начин се обидуваат да ја подигнат свеста на луѓето во борбата против коронавирусот.

 

Славниот актер сподели многу емотивно видео на својот профил на „Инстаграм“ испраќајќи порака за сите.

 „Коронавирусот не знае за раса, пол, религија или граници. Сите сме во тоа заедно и повеќе од кога и да е потребна е солидарност. Бидете љубезни. Бидете безбедни. Бидете паметни“, напиша Бандерас.

 

Шпанија во моментот е една од најзагрозените земји, а бројот на починати од коронавирусот во таа земја се зголемува секој ден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.