Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус е 934, а на починати е 22. Направени се 25.921 тестови.

Според проценките на експертите, Словенија е на средината на епидемијата на ковид-19.

Словенија почна со тестирање на 27 јануари.

Првиот случај на заразен е потврден на 4 март во Љубљана, кај 60-годишен маж кој со поголема група сограѓани туристички престојувал во Мароко, а потоа преку аеродромот во Венеција со автомобил се вратил во Словенија.

Првиот смртен случај е регистриран на 14 март. Станува збор за неименуван повозрасен маж со низа други болести, од штитенички дом за возрасни во Метлика, на границата со Хрватска.

Во овој град заразата на повеќе пациенти и соработници, како и станари во домот за пензионери ја пренел доктор кој се вратил од скијање во Италија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.