Шпанка заразена со коронавирус роди здраво бебе

Десет дена откако го родила своето прво дете, мајката не смеела да му пријде, бидејќи била позитивна на коронавирусот.

Сега се заедно, но ниту таа ниту нејзиниот сопруг не смеат да го допрат бебето без ракавици. Така ќе биде случај сè додека не истече нивниот продолжен карантин.

„Тешко е“, вели Ванеса Муро (34) во нејзиниот дом во Мадрид. „Тоа, сиротко, ми го фаќа прстот, но ја држи пластиката, не мене. Јас сум задоволна од сознанието дека поминал уште еден ваков ден“.

Ванеса се подготвувала за породување со царски рез на 16 март, но тоа се променило кога нејзината баба, која ја гледала секој ден, се заразила со коронавирус. Подоцна починала.

Откога таа и нејзиниот сопруг дознале дека се позитивни на коронавирусот, неа брзо ја пренеле во мадридската болница „Ла Паз“, а лекарите решиле да ѝ направат царски рез следниот ден.

Раѓањето било уредно, малиот Оливер е роден со 3,6 килограми.

Тој веднаш бил одвоен од другите бебиња додека не пристигнат наодите. Тој не бил заразен.

По 48 часа закрепнување во целосна изолација, при што вработените во болницата влегувале во собата што е можно поретко, Муро била пуштена дома. Но, бебето морало да остане во одделот за неонатологија.

Само десет дена подоцна, со нараквици и маски, двојката можела да си го земе бебето.

Иако поминале 14 дена во карантин, поради недостиг на тестови не може да се потврди дали тие веќе не се носители на вирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.