Шефот на кабинетот на Ангела Меркел: Таа и понатаму не мисли да се кандидира за нов мандат

Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун, изјави за RTL / n-ТВ канал дека смета оти Меркел не ги променила плановите да се кандидира за петти мандат, откако минатата недела „Билд“ пишуваше за таква можност.

„Мислам дека тоа прашање не треба воопшто да се поставува“, рече Браун.

„Таа рече дека ова е нејзиниот последен мандат како канцеларка и верувам дека ништо не се смени во тој поглед“, додаде тој.

Ангела Меркел е 15 години на чело на Германија и претходно објави дека нема да се кандидира за нов мандат во есен 2021 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.