Франција стравува од најлош економски пад по Втората светска војна
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 06 Април 2020
Франција годинава веројатно ќе го доживее најлошиот економски пад од Втората светска војна наваму, рече францускиот министер за финансии, Бруно ле Маир.
„Најлошото ниво на економски раст во Франција по 1945 година беше -2,2% во 2009 година, по глобалната финансиска криза во 2008. Веројатно годинава ќе бидеме полоши отколку во 2009“, рече Ле Маир, а пренесува „Дојче веле“.
„Тоа покажува дека се соочуваме со голем економски шок“, додаде тој.
Француската влада минатиот месец за време на итниот ребаланс на буџетот оцени дека економијата годинава ќе биде на -1%, но од тогаш таа прогноза се промени.
Во Франција досега се пријавени над 90.000 случаи на инфекција со коронавирус. Починаа 8.078 луѓе, а повеќе од 16.000 заздравија од Ковид-19.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс