Ирскиот премиер ќе работи во болница за да помогне во лекувањето на заболените од коронавирус

Ирскиот премиер Лео Варадкар ќе работи како здравствен работник еднаш неделно за да помогне во надминувањето на кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, објави неговата канцеларија.

Варадкар работеше како доктор седум години пред да почне со политика. Тој беше избришан од регистарот на медицински работници во 2013 година. Тој повторно се стави на располагање на Националната здравствена служба (HSE) да работи една смена неделно во областа која ја опфаќа неговата специјализација.

„Многумина од неговото семејство и пријатели работат во здравствената служба. Тој сакаше барем малку да помогне“, велат од канцеларијата на премиерот.

Состојбата на сите лица во Ирска кои биле изложени на вирусот најпрво се проценува по телефон. Варадкар, како што пренесуваат медиумите, помага во проценките преку телефон.

Минатиот месец ирскиот министер за здравство, Симон Харис, со пораката „Потребен си и на твојата земја“ ги охрабри луѓето да почнат да работат во здравствената служба, која се соочува со потешкотии при справувањето со Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.