Во Велика Британија се палат 5Г кули поради теории на заговор за коронавирусот

Една од теориите на заговор кои избувнаа во сред пандемија на коронавирусот е таа дека телекомуникациската мрежа 5Г предизвикува или ја влошува оваа зараза.

А во Велика Британија некои теоретичари на заговор не се задржале само на делење алтернативни тврдења на социјалните мрежи, туку тргнале во борба против 5Г во вистинскиот свет.

Последици од тоа се – запалени најмалку три 5Г кули, а повеќе телекомуникациски техничари се изложени на малтретирање и закани на улиците, поради оваа теорија дека 5Г ги прави луѓето да бидат подложни на коронавирус.

Не постојат никакви официјални докази дека петтата генерација на мобилните комуникации, познати како 5Г, предизвикува или ја влошува новата болест Ковид-19, која предизвикува коронавирус САРС-КоВ-2. Со оваа тема, меѓудругото, се позанимава и независната британска страница за проверка на фактите „Фул Факт“.

„Главната импликација на тврдењето дека 5Г влијае на имунолошкиот систем, целосно е неоснована. Нема докази кои ги поврзуваат коронавирусот и 5Г“ заклучила „Фул Факт“.

Снимки од над 20 метри високата кула во Бирмингем, која од четвртокот вечерта гори, почнаа изминатите денови да кружат на социјалните мрежи, со коментари дека ја запалиле анти-5Г активисти. Една од снимките објави и британскиот таблоид „Сан“.

Мрежниот оператор ЕЕ потврди за британски „Гардијан“ дека во овој момент навистина се работи за подметнат пожар.

Во петокот вечерта во Ливерпул во оган пламна 5Г кула, а пожарот беше набрзо изгаснат. Градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон откри дека примил закани од анти-5Г теоретичари на заговор, пренесе „Гардијан“. Андерсон изрази неверување за оваа теорија која е толку популарна на социјалните мрежи и нагласи дека сите научни сознанија покажуваат дека 5Г технологијата не е опасна за луѓето.

И во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, запалена е мобилно-телекомуникациската кула. Снимката која се појави на социјалните мрежи укажува на тоа дека ја запалиле анти-5Г активисти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.