Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број заразени лица достигна 4.768, објави АП.

На порастот на нови случаи претходеше одлуката на премиерот Шинзо Абе да воведе итни мерки во Токио и шест други области, со кои се бара од луѓето да го намалат физичкиот контакт за најмалку 70 проценти. На локалните власти им беше дадена можност да воведат построги мерки за контрола на движењето, но без казнување на сторителите.

Во Токио, граѓаните се повикуваат да не ги напуштат своите домови, но многу фирми се двоумат дека ќе дозволат работа од дома, што ја доведува во прашање ефективноста на државните мерки.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.