Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат друг случај на инфекција.

Иако бројот на новозаразени опадна од својот врв во февруари, кога Кина изолираше неколку градови, властите повикуваат на континуирана претпазливост поради стравувањата од нов бран на зараза.

Од 63 нови случаи, 61 се патници кои доаѓаат во Кина од странство.

Покрај увезените случаи, кинеските власти ги загрижуваат и асимптоматските случаи, луѓе кои пренесуваат вирус а немаат клинички симптоми како што се треска или кашлица.

Во средата се пријавени 56 нови асимптоматски случаи, така што вкупниот број на вакви случаи, кои кинеските медиуми ги нарекуваат „премолчени преносители“, се искачи на 657, пренесува „Ројтерс“.

Поради тоа, донесени се нови мерки. Здравствените установи мора да пријават асимптоматски случаи во рок од два часа од откривањето. Локалната власт тогаш мора да ги идентификува сите познати блиски контакти во рок од 24 часа.

Асимптоматските пациенти ќе бидат сместени во колективен карантин 14 дена и ќе се сметаат за потврдени случаи доколку започнат да покажуваат симптоми. Исто така, во двонеделен карантин ќе бидат и нивните блиски контакти.

Исто така на почетокот на неделата се појави нова функција на мобилната платформа WeChat која на луѓето им овозможува да проверат дали некогаш седеле во воз или авион покрај асимптоматскиот пренесувач на вирус што подоцна станал потврден случај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.