Лице заразено со коронавирус во Чикаго инфицирало 15 лица, прво бил на погреб, а потоа на роденденска забава

Жител на Чикаго бил на погреб за да им изрази сочувство на пријателите. Три дена подоцна бил на роденденска прослава со сопственото семејство и роднини.

Човекот, кој не бил свесен дека е заболен од „Ковид-19“, покренал синџир на пренесување на вирусот заразувајќи вкупно 15 лица, а тројца починале, објави американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Сè започнало кога примарниот носител на вирусот вечерта пред погребот бил да јаде со двајца пријатели, при што јаделе од заеднички порции нарачани за надвор.

За време на вечерата, што траеше околу три часа и погребот, кој траел околу два часа и на кој луѓето носеле своја храна од дома, примарниот носител изразил сочувство гушнувајќи четири лица, меѓу кои и двајца со кои бил на јадење.

Во текот на следните два до шест дена, три лица развиле симптоми на „Ковид-19“, меѓу кои и еден кој бил хоспитализиран и починал еден месец подоцна.

Другите двајца не завршиле во болница и закрепнале.

Пациентот, пред да почине, бил посетен на одделот за интензивна нега од страна на член на семејството, кој на погребот имал контакт со примарниот носител на вирусот.

Посетителот, кој не носел заштитна маска во болницата, подоцна развил кашлица и треска, но се опоравил.

Три дена по погребот, примарниот носител на вирус отишол на роденденска забава со девет члена на неговото семејство и бил во близок контакт со сите гости во наредните три часа.

Седуммина од нив добиле симптоми на Ковид-19 во рок од три до седум дена од родендено. Двајца кои завршиле во болница поради сериозноста на болеста починале.

Две лица кои се грижеле за еден од двајцата починати, исто така, развиле симптоми на Ковид-19. Тоа бил член на семејството и професионален негувател кој немал врска со семејството.

Еден од членовите на семејството на примарниот носител веројатно заразил друг роднина кој не присуствувал на прославата на роденденот.

Тројца гости на роденденот кои имале симптоми, шестиот ден од почетокот на симптомите отишле во црквата, каде најверојатно заразиле еден здравствен работник, кој истовремено бил во црквата.

Тој здравствен професионалец седел близу нив и разговарал со нив околу 90 минути.

Според ЦДЦ, заразените биле на возраст меѓу пет и 86 години.

Во американската држава Илиноис, каде што Чикаго е најголемиот град, ограничувањата беа воведени на 21 март, како и во многу други делови на Соединетите Држави.

Овој случај е јасен пример за тоа колку е значајно придржувањето кон препораките за социјална оддалеченост и забрана на движење, посочува ЦДЦ, бидејќи е детално утврдено дека само едно лице заразило толку многу луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.