Пад на бројот на мртви во Шпанија - во еден ден починаа 638 лица, а вчера 757

Во Шпанија е забележан пад на дневната бројка на смртни случаи во споредба со вчерашните податоци. Министерството за здравство објави дека 683 лица починале во изминатите 24 часа од коронавирус за разлика од вчера кога починале 757.

Досега вкупно 15.238 луѓе починале од новиот вирус во земјата, а 52.165 закрепнале. Шпанија бележи 152.446 потврдени случаи на заразени со Ковид-19.

Премиерот Педро Санчез се залагаше во парламентот за продолжување на вонредната состојба до 26 април бидејќи овие мерки очигледно успеваат да ја стават пандемијата под контрола.

„Постигнавме врв и сега почнува падот“, рече Санчез.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.