Во Јужна Кореја, пациенти што биле прогласени за излекувани, повторно позитивни на коронавирус

Јужнокорејските власти соопштија дека 91 пациент, кои наводно биле целосно излекувани од вирусот, повторно се позитивни, а експертите се обидуваат да утврдат како тоа се случило.

Директорката на Центрот за контрола и превенција на болести вели дека поголема е веројатноста вирусот да се реактивирал отколку пациентите повторно да се заразени.

Сепак, останува нејасно што го предизвикува ваквиот тренд, а епидемиолошките студии се во тек.

Можноста луѓето повторно да се инфицираат со вирусот е причина за меѓународна загриженост бидејќи многу земји се надеваат дека заразеното население ќе развие имунитет за да се спречи појава на пандемија во иднина, пренесува „Ројтерс“.

Речиси 7.000 луѓе закрепнаа од коронавирусот во Јужна Кореја.

Има експерти што укажуваат на погрешни резултати од тестовите или, пак, дека вирусот останал во системот на пациентот, но дека тој не е заразен и опасен за домаќинот и за другите луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.