САД ја преминаа Италија по бројот на смртни случаи од Ковид-19

Бројот на Американци починати од коронавирус денеска премина 19.600 што сега е највисок смртен биланс во светот, пренесува „Ројтерс“, со индикација дека епидемијата е блиску до својот врв.

Италија е втора со 19.468 смртни случаи, а Шпанија трета со 16.353 лица починати од Ковид-19.

Сепак, во САД живеат пет пати повеќе луѓе отколку во Италија и седум пати повеќе од Шпанија, потсетува агенцијата.

Америка четврти ден по ред бележи околу 2.000 смртни случаи.

Во Италија во последните 24 часа починаа 619 луѓе, а 4.694 се новозаразени.

Само во Ломбардија, најпогодениот регион, починаа 273 лица, а зразени се нови 1.544 луѓе.

Вчера бројот на починати во Италија беше 570, а еден ден претходно 610.

Италијанската влада вчера до 3 мај ги продолжи вонредните мерки воведени пред еден месец за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според најновите податоци, во светот има 1,6 милиони заразени и 103.000 мртви како последица на Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.