Во светот речиси 1,8 милиони заболени од коронавирус, починале 110.075 лица

Вкупниот број на заразени со коронавирус ширум светот е 1.797.805, додека 110.075 луѓе починале како резултат на инфекцијата, според веб-страницата на Worldometer.

Најголем број смртни случаи, 20.637 се потврдени во САД, а следуваат Италија со 19.468, Шпанија со 16.972, Франција 13.832 и Велика Британија со 9.875 смртни случаи.

Во Иран, 4.474 лица починаа, додека во Белгија - 3.600. Во Кина, кадешто вирусот избувна во декември, починале 3.339 лица. 411.871 луѓе се опоравиле од оваа болест во светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.