Во Хрватска два нови случаи на Ковид-19, утре се отвораат базените

Бројот на нови случаи во Република Хрватска во последните 24 часа е два, со што вкупниот број на заболени од коронавирус е 2.226. Ова е втор ден по ред со само два потврдени случаи во Хрватска.

 

Досега се тестирани 53.877 лица, од кои 1.019 во последните 24 часа. Има седум помалку хоспитализирани, што значи дека 130 лица се во болница. Од нив 10 пациенти се на респиратор.

 

Вкупниот број на оздравени е 1.936, што е за 23 повеќе од вчера. Од нив, 728 биле отпуштени од болница, а 1.172 лица закрепнале дома.

 

Од вчера нема смртни случаи, така што вкупниот број на починати е 95.

 

Од утре во Хрватска се отвораат базените. Оваа земја пред неколку дена ги отвори и рестораните и кафулињата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.