Трамп: Нема да ја затвориме земјата во случај на втор бран
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 22 Мај 2020
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај на втор бран на пандемија на коронавирус нема да воведе карантин и да ја затвори земјата.
„Немаме намера да го гаснеме пожарот, нема да ја затвориме земјата“, рече Трамп, осврнувајќи се на можниот втор бран на пандемијата, за време на посетата на фабриката „Форд“ во Мичиген.
Изјавата доаѓа во исто време со олеснување на рестриктивните мерки преземени од 50 американски држави, меѓу кои оние со републиканско раководство вршат притисок за што побрзо враќање на земјата во нормален тек, додека оние со демократско раководство бараат поголема претпазливост во намалувањето на ограничувањата.
Официјалните лица за јавно здравје предупредуваат дека мерките се олеснуваат премногу брзо, велејќи дека тоа може да доведе до втор бран на вирусот во есен и зима.
И покрај отпорот на Трамп, федералните и локалните власти прибегнаа кон затворање и карантин во пандемијата што ја зафати земјата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс