СЗО: Јужна Америка е нов епицентар на пандемијата, најпогоден е Бразил

Јужна Америка е нов епицентар на пандемијата на Ковид-19, при што Бразил е најзагрозен, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Исто така, во некои африкански земји каде досега бројот на заразените бил мал, сега се зголемува, пренесува „Ројтерс“.

 

Сега во Африка има повеќе од 100.000 случаи на инфекција.

 

„Откако првиот случај во Африка беше забележан пред 14 недели, денеска вирусот е проширен во сите земји“, се вели во соопштението на СЗО, во кое со додава дека досега на континентот умреле 3.100 луѓе. Во девет африкански земји, минатата недела дошло до зголемување на бројот на случаи за 50 проценти, додека во другите има пад или состојбата е иста.

 

Но, ситуацијата во Јужна Америка е многу посериозна. Доктор Мајк Рајан, експерт за вонредни ситуации на СЗО, рече дека континентот станал нов епицентар на пандемијата.

 

Најпогоден е Бразил, каде властите дозволија широка употреба на лек за маларија како третман за Ковид-19.

 

Тој додаде дека клиничките испитувања сè уште не покажале резултати што би ја одобриле широката употреба на лекот за борба против коронавирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.