Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи на 1 јуни, додека јавните плажи ќе бидат отворени од 10 јуни.

 

Тој рече дека Албанија ќе ги отвори границите од 1 јуни за сите Албанци кои живеат во соседните земји, а кои имаат државјанство на тие земји - Србија, Северна Македонија и Црна Гора - и дека јавните плажи ќе бидат отворени на 10 јуни.

 

„Процесот на средување на плажите ќе биде завршен овој викенд“, рече Рама.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.