Шпанија прогласи најдолг период на жалост во последните 40 години

Шпанската влада денеска прогласи 10-дневна жалост за сите жртви од коронавирус, што е најдолг период на жалост во последните 40 години.

За време на денот на жалоста, кој ќе почне утре, знамињата на повеќе од 14.000 установи и пловила ќе бидат на половина копје, пренесе британски „Гардијан“.

Портпаролката на шпанската влада, Марија Хесус Монтеро, изјави дека над 80 отсто од починатите се постари од 70 години и дека тоа се луѓето кои помогнале да се изгради денешната земја.

„Тие засекогаш ќе останат во наше сеќавање“ рекла Монтеро.

На прозорите од приватните станови во Шпанија можат да се видат шпански знамиња со црна лента, кои претставуваат симбол на загуба на државата, но и гнев поради начинот на кој државата се однесувала кон пандемијата.

Во Шпанија се забележани 27.119 смртни случаи од коронавирус и 236.259 заболени.

Кралот Филип шести ќе ја предводи церемонијата на сеќавање, откако земјата ќе излезе од карантинот воведен пред два ипол месеци.

Кога во 1975 година почина диктаторот Франциско Франко во Шпанија беше прогласена 30-дневна жалост.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.