Исламска држава се закани со нови напади: „Вирусот е божја казна”

Исламска држава наведе во аудио порака дека пандемијата на коронавирус е божја казна за нејзините непријатели и се закани со нови напади.

Лицето кое говори на пораката се претставува како портпарол на терористичката група Абу Хамза ал Кураиши, но неговиот идентитет не е потврден.

„Бог со својата волја испрати казна до тираните на ова време и нивните следбеници. Задоволни сме поради казната што Ви ја испрати бог“, се наведува во аудио пораката објавена на сајт на ИД.

Тоа е трета аудио порака на ИД откако е именуван новиот лидер на ИД, Абу Ибрахим ал Хашеми ал Кураиши, откако американските специјалн единици кон крајот на минатата година го елиминираа во Сирија Бакр ал Багдади.

Борците на ИД се повикани „да ги подготват сите расположливи сили и да бидат пожестоки кон божјите непријатели”.

„Не дозволувајте да помине ниту еден ден, а да не им го направите животот ужасен“, се истакнува во пораката.

Говорникот не изнесе евентуалните мети, но се истакнува дека ИД е активна во Сирија и во Ирак, но и во Западна Африка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.