На експертот на Вучиќ му се заканува забрана за работа, го пријавиле неговите колеги

Против проф. д-р Бранимир Несторовиќ, член на српскиот Кризен центар за борба против коронавирус, е поднесено барање до комисијата за етика на Лекарската комора на Србија (ЛКС).

Во барањето се наведува дека Несторовиќ со своите јавни настапи како член на Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на „ковид-19“ го оштетил угледот и нанел штета на лекарската професија, како и на здравјето воопшто.

Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Ѓорѓе Алемпијевиќ, редовен професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден пензиониран лекар, пишува српски „Телеграф“.

Етичкиот комитет на ЛКС ќе расправа за барањето на група членови да се осуди јавно познатиот професор и пулмонолог за изјавите што ги давал како член на Кризниот штаб. Таа јавна осуда во краен случај може да значи дека на професорот Несторовиќ може да му биде одземено правото на работа.

Во изјава за српски „Телеграф“, професорот Несторовиќ вели:

„Сега кога епидемијата помина и се покажа дека сум во право за сè, испаднав како најнеетички лекар во Србија затоа што бев на прес-конференција со Вучиќ“.

Несторовиќ додава дека различни интереси се преклопуваат таму и дека има суета, но пред сè политика, и најавува дека потписниците на барањето испратено до ЛКС, „ако навистина направат нешто“, ќе ги тужи на редовен суд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.