Премиерот на БиХ и коосомничените во аферата со респираторите се ослободени

Судот во Сараево го ослободи премиерот на Федерацијата на БиХ, Фадил Новалиќ и уште двајца осомничени за контроверзната набавка на респиратори за време на епидемијата на коронавирус.

Наместо едномесечен притвор што го бараа обвинителите, судот пресуди дека тие можат да се бранат на слобода, но со мерки, вклучително и забрана за контактирање со потенцијални сведоци и меѓусебни средби.

Заедно со Новалиќ, беа ослободени шефот на Цивилната заштита, Фахрудин Солак и Фикрет Хоџиќ, сопственик на компанијата „Сребрена малина“.

Новалиќ, Солак и Ходишиќ се осомничени за здружување заради сторено кривично дело, злоупотреба на службената положба, перење пари, примање подароци и фалсификување или уништување на службени документи.

Тие се под истрага поради набавката на 100 респиратори од Кина по цена од 5,3 милиони евра, што е повисока од пазарната цена.

Партијата за демократска акција на Новалиќ (СДА) оцени дека судската одлука е доказ дека случајот против него е монтиран.

„Единствената цел беше да се задржи Новалиќ во притвор и со тоа да се обезбеди слабеење на бошњачкиот фактор во владата на ентитетот“, велат од партијата, барајќи отстранување на главниот обвинител Гордана Тадиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.