Грција в година забранува пластични производи за еднократна употреба

Грција планира до 1 јули 2021 година да ја забрани употребата на пластични производи за еднократно користење, рече министерот за животна средина и енергија, Костис Хацидакис.

Хацидикис ја објави веста на настан на плажа во Атина, на кој беше најавена соработка меѓу Министерството за животна средина и енергија и „А.Ц. Ласкаридис“, хуманитарна организација, со мото „Грција без пластика за еднократна употреба“.

Министерот истакна дека секој ден во Грција се користат голем број пластични производи за еднократна употреба и дека на тоа мора да му се стави крај.

„Затоа, почнува иницијативата 'Грција без пластика за еднократна употреба', која беше силно поддржана од премиерот, а која мора да се спроведе во соработка со граѓаните“, рече Хацидикис.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.