Убави вести од Италија: најмал дневен број на новозаразени во последните три месеци

Во Италија бројот на нови случаи на зараза со Ковид-19 се намалува во целата земја, вклучувајќи ја и Ломбардија, најтешко погодениот италијански регион.

Исклучок е Лигурија, каде што бројот на нови случаи се зголемува.

Во Италија регистрирани се 178 новозаразени, што е најмала бројка од 26 февруари, а според вчерашниот извештај имаше 355.

Негативен извештај доаѓа од Лигурија, каде што, според последните дневни податоци, заразени се 56 лица, а во Ломбардија забележани се 50 позитивни случаи на Ковид-19.

Бројот на починати како последица на Ковид-19 исто така се намалува во споредба со вчерашните 75 и денеска изнесува 60, а вкупниот број жртви од вирусот е 33.475.

Првиот официјален случај на инфекција во Италија беше регистриран на 21 февруари во Кодоњо, на северот од земјата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.