ФБИ нема докази дека зад протестите во САД стојат Антива и белите супремацисти

ФБИ соопшти дека нема докази кои сугерираат дека екстремното левичарско движење „Антифа“ на било каков начин директно е вклучено во немирите што со денови траат на улиците на Соединетите Држави по смртта на Џорџ Флојд (46), Афроамериканец кој го загуби животот по бруталниот полициски третман.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во неделата рече дека неговата администрација ќе ја стави „Антифа“ на американскиот список на терористички организации. Министерот за правда Вилијам Бар, исто така, ја обвини Антифа за немирите што ја уништуваат Америка, пренесува „Индекс“.

Познатиот американски неделник „Нејшн“, пренесува „Бизнис инсајдер“, пишува дека извор близок до ФБИ вели дека нема потврдени податоци што директно би ја поврзале Антифа со насилните протести. Во извештајот на ФБИ се наведуваат неколку примери на насилство, како што се гаѓање на полицајци со цигли, ранци полни со експлозив и слично.

Сепак, нема никакви докази за поврзаноста на Антифа со демонстрантите. Барем не директно, додава весникот.

Неделникот, како и магазинот „Политико“, пишуваат дека екстремните десничарски опции се поврзани со демонстрациите, повикувајќи ги нивните симпатизери да ги нападнат федералните агенти во конфликтот против демонстрантите и слободно да користат автоматско оружје.

„Политико“  напиша дека Министерството за одбрана на САД ја известило полицијата дека белите супремацисти ја користат апликацијата „Телеграм“, чии пораки биле шифрирани, со цел да поттикнат насилство меѓу нивните следбеници и да започнат војна меѓу расите на улиците.

Трамп и Бар беа поддржани од многу други републиканци кои ја обвинија Антифа за насилни протести низ целата земја. Некои од нив повикаа армијата да излезе на улиците за да го задуши движењето.

Републиканецот Мет Гаец од Флорида рече дека Антифа е виновна за овие протести и истакна дека треба да бидат гонети како терористи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.