Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството на Џорџ Флојд, кој беше погребан вчера.

„Се надевам дека Џорџ нè гледа од горе и вели: 'Ова што се случува во нашата земја е прекрасно'. Ова е прекрасен ден за него, прекрасен ден за сите. Ова е прекрасен ден за сите нас кога станува збор за еднаквоста“, рекол Трамп.

Less than 24 hours after George Floyd’s memorial service, Trump called this a “great day” for Floyd and others "in terms of equality.”

Despicable. pic.twitter.com/WD3YPy9t35

— CAP Action (@CAPAction) June 5, 2020

Запрашан од новинарите што точно мисли кога вели дека ова е прекрасен ден за Флојд, Трамп само повторил: „Ова е прекрасен ден“.

Протестите започнаа минатата недела откако полицаец го задуши Афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење.

„Еднаква правда по закон мора да значи дека секој Американец добива еднаков третман во секоја средба со полицијата, без оглед на расата, бојата на кожата, полот или верувањето, полицијата мора да постапува со нив фер. Сите видовме што се случи минатата недела, не можеме да дозволиме да се случува тоа“, рекол Трамп.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.