Трамп ја губи поддршката меѓу клучните групи гласачи

Доналд Трамп се пофали дека може да пука во некого на Петтата авенија и сè уште да не ги изгуби своите гласачи, што со години се чинеше како вистина, но лидерот на Соединетите Американски Држави (САД) почна да ги губи симпатиите на неговите приврзаници и истражувањата покажуваат дека има помалку од девет проценти од нив, пишува „Гардијан“.

Најновите активности на Трамп, вклучително и распоредување на паравоени сили против демонстрантите на улиците низ целата земја, според „Гардијан“ се „можеби премногу“. Новите анкети покажуваат дека Трамп ја изгубил поддршката меѓу клучните групи избирачи, додека многумина се двоумат во врска со претседателот.

Полициските сили и војската насилно тргнале од улиците бројни демонстранти минатиот понеделник, потсетува „Гардијан“, само за да може Трамп да се фотографира како се шета од Белата куќа до црквата Сент Џон.

Распоредувањето на американската војска на улиците на Вашингтон за време на протестите против полициската бруталност и системскиот расизам во САД најмногу ги охрабри приврзаниците на Трамп да ги разгледаат добро активностите на претседателот.Истражувачите кои ја испитуваат популарност на претседателот пред и по овие протести, дошле до податоци дека наклонетоста на републиканците кон Трамп опаднала за дури девет проценти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.