Вo Бразил „експлозија“ од нови случаи на коронавирус, Болсонаро се сомнева дека е заразен

Во Бразил, во последните 24 часа потврдени се 39.483 новозаразени од коронавирус и 1.141 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство.

Со ова, вкупниот број заразени лица се зголеми на 1.228.111, а Бразил е втора земја во светот во однос на бројот на потврдени случаи, по САД, со двојно повеќе заболени од Русија која е на третото место.

Вкупниот број на починати сега е 54.971, а Бразил е втор во светот и по тој параметар.

Претседателот на земјата, Жаир Болсонаро, кој уште од почетокот на пандемијата ја доведуваше во прашање сериозноста на коронавирусот, изјави дека смета дека е заразен, иако неговиот тест бил негативен, па најави дека повторно ќе биде тестиран, пренесе агенцијата „Ројтерс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.