Српскиот министер за одбрана е позитивен на коронавирус

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, е позитивен на коронавирус, пренесува Нова.рс.

Србија вчера забележа нов скок во бројот на новозаразени со коронавирус. Од 8.495 тестирани, регистрирани се 193 случаи.

Заменик директорката на Клиниката за инфективни болести, Ивана Милошевиќ, изјави за РТС дека во таа клиника во моментов има 90 пациенти.

Таа апелираше до граѓаните кои се сомневаат дека се заразени со коронавирус да одат во ковид амбулантите во здравствените центри, каде се прави примарна тријажа.

Во последните четири дена, Србија бележи трицифрено зголемување на бројот на новозаразени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.