Француските научници открија нов вирус што го пренесуваат комарци

Француските научници го идентификуваа новиот вирус користејќи ја истата техника што се користи за откривање на коронавирусот, но велат дека не постои опасност дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на онаа предизвикана од коронавирусот .

Вирусот е откриен во болница во близина на Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и го добил името „вирус кристоли“, според предградието на Париз во кое бил идентификуван, јавува „Франс 24“.

Научниците велат дека е рано да се извлечат заклучоци за што сè е одговорен вирусот, затоа што починатата жена имала неколку основни болести.

Тие посочија дека засега е познат само еден случај и дека доколку во иднина има повеќе од нив, ќе биде можно да се добие појасна претстава за тоа што каква е клиничката слика поврзана со тој вирус.

Новиот вирус припаѓа на еден вид кој најчесто го шират комарци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.