Кина реципрочно ќе воведе визи за Американците

Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека ќе воведе визни ограничувања за американските граѓани, кои се однесуваат несоодветно во однос на Хонгконг.

Ваквата мерка од страна на Кина е одговор на Вашингтон, кој го објави истото за одредени кинески претставници.

Портпаролот на Министерството, Џао Лиан изјави дека Кина ги повика САД да престанат да се мешаат во внатрешните теми поврзани со Хонгконг и предупреди дека Пекинг ќе реагира со остри контрамерки ако Вашингтон продолжи со своите активности, пренесува „Ројтерс“.

САД ги објавија визните ограничувања за сегашните и поранешните функционери на Комунистичката партија на Кина (ККП) за кои се верува дека се одговорни или соучесници во наводно поткопување на високиот степен на автономијата на Хонгконг или човековите права.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.