Црна Гора: Во тешка состојба се четворица пациенти со Ковид-19

Од 39 хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Црна Гора, четворица се во опасност по живот, а вирусот во средата бил регистриран кај уште 28 лица.

Во Црна Гора моментно има 249 заразени, а епидемија не е прогласена и покрај порастот на нови случаи, пренесува „Вијести“.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, вели дека самиот развој на настаните го покажува тоа и дека не мора посебно да се потенцира.

„Сега инфекцијата се случува повторно, не сме загрозени како што бевме, многу сме подготвени и преземаме мерки... Оваа болест се шири епидемиски и постои можност за прогласување на епидемија, но самиот развој на настаните е таков што тоа не мора да се потенцира“, рече Мугоша.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.