Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство, вели шведскиот епидемиолог Андре Тенгел.

Тој во отворено писмо вели дека карантинот и другите ограничувања што ги вовеле сите европски земји може да функционираат само во кус период, а на долг период подобар е шведскиот модел.

Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само им даде упатства на граѓаните како да се однесуваат, што како последица има голем број заразени и починати од коронавирус отколку во земјите што воведоа карантин.

Во писмото се објаснува дека шведскиот модел не е исто она што го примениле во САД и Бразил, ниту е модел секој да се грижи за себе, туку е модел сите за сите.

„Шведскиот модел на одбрана од коронавирусот има историски корени и се базира на идејата дека секој треба да учествува во одбраната (не само од заразата, туку и во други ситуации) и секој да даде свој придонес. На долг рок ќе се покаже дека шведскиот модел е подобар бидејќи строгите мерки, црваната зона и карантинот може да се применат само краткотрајно, тврди тој.

„Да се спротивставиш на кризата што трае долго или се враќа во бранови е можно само со одговорно учество и однесување на сите граѓани“, пишува во писмото од Стокхолм, кое го објави онлајн-магазинот „Политико“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.