Џонсон: Можеби се потребни построги правила за носење маски

Можеби е потребно да се воведат построги правила за носење маски во Англија, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

„ Мислам дека мораме да бидеме построги во институциите луѓето да носат маски во затворени простории каде се сретнуваат со луѓе кои обично не ги сретнуваат“, рекол Џонсон, пренесе „Ројтерс“.

Според него, затоа е задолжително носењето маски во јавниот превоз.

Во Британија денеска бројот на починати од коронавирус се зголеми за 48, на вкупно 44.650, соопшти британската влада.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.