Од денеска во Хрватска задолжително е носењето маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во кафулињата и рестораните.

Поради зголемениот број случаи на коронавирус, на сила стапи и новото правило за собири со повеќе од 100 луѓе кое подразбира посебен режим на однесување кое ќе го контролира цивилната заштита и полицијата.

На сила веќе стапија и построги мерки на границите според кои државјаните на сите земји-членки надвор од ЕУ за влез во Хрватска мора да имаат негативен тест на коронавирус не постар од два дена или ако немаат тест ќе мора да одат во 14-дневен карантин.

Министерот за здравство, Вили Берош, рече дека нема да има затворање како што имало на почетокот на епидемијата.

„Хрватска со месеци покажуваше дека со паметни мерки може да направи добра епидемиолошка слика и да го заштити своето населенение, но тоа не го може без своето население. Секој мора да се однесува одговорно за себе и за другите. Ако може да се држиме до тоа, ќе може да функционираме многу добро“, рекол тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.