Аеродромот во Милано по четири месеци ги отвора вратите

Аеродромот во Милано „Линате“ ќе биде отворен денеска, по четири месеци, но првите два дена ќе поминат без летови.

Првите летови, кои ќе ги реализираат авиокомпаниите „Луфтханза“, „Иберија“ и „Ер Малта“, се закажани за в среда, а италијанската компанија „Алиталија“ ќе има летови од 24 јули.

Патниците се должни да носат заштитни маски на аеродромот и да ги почитуваат правилата за физичко растојание, а на влезот ќе им се мери температура.

Аеродромот беше затворен во почетокот на март, како дел од мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.