Трамп сакал да го продаде Порторико по разорниот ураган

По катастрофалниот ураган Марија во Порторико, американскиот претседател, Доналд Трамп, разговарал за идејата за продажба на овој остров во 2017 година, откри за „Њујорк тајмс“ Елејн Дјук, поранешна заменик-началничка за национална безбедност, јави Си-ен-ен.

„Неговите идеи се посоодветни за бизнисмен отколку за претседател“, рекла таа.

Додала и дека продажбата на Порторико никогаш не била сериозно разгледувана откако Трамп ја предложил идејата.

Речиси три илјади луѓе ги загубија животите како резултат на невремето во 2017 година, а ширум остовот беше уништена мрежата за пренос на електричана енергија.

Трамп претходно ги обвини локалните власти во Порторико за злоупотреба на пари обезбедени од неговата администрација, а во ноември 2018 година Белата куќа го извести Конгресот дека претседателот не сака да испрати дополнителни средства за санација на штетите.

По невремето, Трамп негираше каква било грешка на неговата администрација и побара пофалби за реакцијата по ураганот Марија, оценувајќи дека станува збор за неверојатен и неоспорен успех.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.