Австрија: Пад на бројот на заразени од коронавирус, 51 нов случај

Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 51 нов случај на инфекција со коронавирус.

Вчера бројот на новозаразени лица беше во трицифрен и последниве денови постојано осцилира, но треба да се има предвид дека има помалку тестови за време на викендите.

Најголем број новозаразени има повторно во Горна Австрија со 25, а потоа следува Виена со 19.

Во Корушка, Салцбург, Бургенланд, три од деветте покраини, немало нови инфекции.

Според податоците на Министерството за здравство, во Австрија има 1.240 активни заболени.

Од почетокот на епидемијата, за коронавирус се позитивно тестирани 18.551 лица во Австрија, од кои 17.000 се излечиле.

Во моментов, 82 лица се хоспитализирани, од кои осум се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, во Австрија се спроведени 700.616 тестови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.