Германија бара од ЕУ да воведе санкции против Русија поради хакерски напад

Германската влада им предложи на земјите членки на Европската Унија да воведат санкции против Русија поради хакерскиот напад врз Бундестагот пред пет години.

Германската влада претпоставува дека едно лице од разузнавачката служба на руската армија, ГРУ, било вмешано во хакерскиот напад на ИТ-мрежата на Бундестагот во мај 2015 година.

Затоа владата им предложи на своите партнери од ЕУ воведување заеднички санкции против Москва, јавува германската агенција dpa, повикувајќи се на одговорот што парламентарниот клуб на партијата „Левица“ го доби на барање на германската влада.

Германската влада ги поддржа предлозите за санкции против Русија со обилен пакет докази добиени од истражните тела и разузнавачки податоци, се вели во одговорот на германската влада пред парламентарниот клуб Левица.

Портпаролот на Европската Унија рече дека земјите членки можат да поднесат предлози за санкции, за кои потоа мора да се одлучува едногласно.

Германската канцеларка, своевремено, потпирајќи се на резултатите од истрагата, зборуваше за нечуено и скандалозно дело.

Портпаролот на парламентарниот клуб Левица за прашања од ЕУ, Андреј Ханко, смета дека воведувањето санкции е погрешен одговор на ваквите напади. Покрај тоа, тој верува дека може да биде подметната врската помеѓу Русија и хакерскиот напад.

Главното обвинителство во Карлсруе поднесе обвинение во почетокот на мај против рускиот државјанин Дмитри Бадин, кој е осомничен дека учествувал во нападот на ИТ-мрежата на Бундестагот како член на хакерска организација.

Во таа пригода се претпоставува дека голема количина податоци, првенствено е-пошта, биле пренесени на еден сервер во странство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.