Путин: Бројот на смртни случаи oд Ковид-19 во Русија е многу помал отколку во другите земји

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека бројот на смртни случаи кај лицата со Ковид-19 во Русија е многу помал отколку во другите земји, јави ТАСС.

„Бројот на починати во Русија на примерок од 100.000 пациенти заболени од коронавирус е помал отколку во другите земји, вклучително и земји од ЕУ со развиени здравствени системи“, рече рускиот претседател.

Тој посочи дека бројот на новозаразени се стабилизира и не расте, а бројот на пациенти кои закрепнале расте од ден на ден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.