Европските влади ја критикуваат Турција поради Аја Софија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија ја критикуваа Турција поради неколку причини, вклучително и дупчењето за гас во спорните медитерански води и промената на статусот на Аја Софија од музеј во џамија, пренесува „Екатимерини“.

На нивната прва средба лице в лице по повеќе месеци, министрите планираат да заземат поцврст став за Анкара, иако не се очекувааат итни мерки, пишува грчкиот весник.

„Кога ќе видам што се случува со Аја Софија, тоа е удар“, рече министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.

Шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеф Борел минатата недела беше во Турција каде што разговараше и за споровите на Анкара со Грција и со Кипар за истражувањата во источниот медитерански регион.

Турција испрати бродови придружувани од воен брод да дупчат за гас во област над која Кипар тврди дека има ексклузивни права. Турската влада соопшти дека дејствува за да ги заштити своите интереси и оние на кипарските Турци во природните ресурси во областа.

Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, рече дека активностите во Средоземното Море се причина за загриженост за блокот, посочи дека на редовната месечна средба ќе бидат разгледани и прашањата за човековите права и демократијата.

Борел рече дека односите не се „толку добри“ во моментот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.