Велика Британија нарачала 90 милиони дози вакцини против Ковид-19

Велика Британија одлучила да купи 90 милиони дози вакцини против Ковид-19, коишто ги развиваат големите фармацевтски фабрики со седишта во Франција, Германија и САД, соопшти владата.

Нарачани се 60 милиони дози вакцини од француската Валнева и 30 милиони вакцини БНТ162 од заедничката програма на германскиот BioNTech и американскиот Pfizeram, објави ДПА. Договорот со Валнева вклучува можност за купување на 40 милиони дополнителни дози „доколку вакцината се покаже како безбедна, ефективна и удобна“, соопшти владата.

Велика Британија веќе резервираше 100 милиони дози вакцина од Универзитетот „Оксфорд“, која ја развива AstraZeneca, која е една од десетина кандидати за вакцината ширум светот.

Резервирањето на различни видови вакцини „ќе обезбеди дека Велика Британија има најдобра можност да обезбеди вакцина што ги штити оние со поголем ризик“, рече британскиот државен секретар за бизнис, Алок Шарма.

Томас Лингелбах, извршен директор на Валнева, рече дека неговата компанија е „пресреќна што е избрана  да учествува во оваа важна програма со владата на Велика Британија“. Валнева вели дека планира да ја произведе вакцината во фабрика во Шкотска и очекува британската влада да придонесе за трошоците на клиничките студии.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.