Над 16 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирус

Бројот на инфекции со коронавирус во светот е зголемен за еден милион од 21 јули и достигна 16.005.319, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлодметерс“.

Во моментов има 5.570.166 активни случаи, а над 66.000 пациенти се во критична состојба.

Најпогоден континент е Северна Америка со 4.985.866 случаи, од кои 4.252.490 се во САД. Америка исто така е прва во светот по бројот на потврдени случаи.

Втор е Бразил со 2.348.200 вкупно регистрирани случаи, по што следи Индија, која досега регистрирала 1.362.262 заразени лица.

Континентот од кој потекнува новиот коронавирус, Азија, е втор по вкупниот број случаи. Најлоша е ситуацијата во Индија, Иран и Пакистан, додека Кина сега се наоѓа на десеттото место во Азија, а е 26 во светот.

Во Европа се регистрирани вкупно 2.763.025 позитивни на коронавирус. Во моментов Русија има најголем број случаи на стариот континент - 806.720. Следува Шпанија со 319.501, а по неа Велика Британија, која регистрирала вкупно 297.914 случаи.

Вирусот во моментов се шири низ Јужна Америка, каде сега се регистрирани 3.626.605 случаи, при што, Бразил е на второ место во светот во однос на регистрираниот број на случаи на коронавирус.

Африка забележа 815.009 случаи, додека Океанија има 15.654 случаи.

Како резултат на Ковид-19, во светот починале 643.872 лица. Повеќе од 9.500.000 луѓе се излечиле.

Вирусот за прв пат беше регистриран во декември 2019 година во кинескиот град Вухан.

За само три месеци, се прошири низ светот во првиот бран на пандемијата, а сега е регистриран во 215 земји.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.