Трамп повторно за спорниот лек - Твитер го укина видеото, но пораката ја видоа 17 милиони луѓе

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно застана во одбрана на употребата на хидроксихлорокин за борба против коронавирусот.

Со таквиот став тој застана на спротивната страна од официјалниот кризен штаб на САД за борба против пандемијата.

Трамп тврди дека лекот против маларија е одбиен како можно средство против ковид-19 само поради тоа што тој го предложил, пренесе Би-би-си.

Оваа порака на американскиот претседател следи откако Твитер го суспендира профилот на неговиот син Доналд Трамп Џуниор, поради објавување збунувачки и потенционално штетни информации за коронавирусот.

Во соопштение од компанијата се наведува дека профилот на Трамп џуниор е суспендиран на 12 часа поради кршење на политиките на Твитер во врска со дезинформирање.

Трамп и неговиот син во понеделникот на Твитер споделија видео во кое се предлага хидроксихлорокинот во лекувањето на ковид-19. Твитер го отстрани видеото, но едно од снимките претходно го виделе 17 милиони луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.