Орбан: Мерките што ги имаме се добри, не треба да се менуваат
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 31 Јули 2020
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека сегашното ниво на заштита од пандемијата на коронавирус е соодветно и дека секоја промена во воведените мерки би била ризична.
„Да не ризикуваме, оставете ги работите да останат такви какви што се“, рече Орбан за унгарското радио „Кошут“, пренесува МТИ.
Како што рече, во овој момент ситуацијата е стабилна и доколку граѓаните продолжат да се придржуваат кон мерките како порано и да живеат со вирусот, нема да има никакви проблеми.
Орбан додаде дека епидемијата покажала дека унгарскиот систем за здравствена заштита е меѓу најдобрите во Европа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс