ЕУ во преговори за испорака до 300 милиони дози вакцина против коронавирус

Европската комисија (ЕК) сака да склучи договори со шест производители на вакцини за 450 милиони граѓани.

Фармацевтските компании „Санофи СА“ и „ГлакоСмитКлин Плц“ објавија дека се во напредната фаза на преговори за испорака на 300 милиони дози на експериментални вакцини против ковид-19 за Европската унија.

ЕК објави дека целта на разговорите со Санофи е однапред да се склучи договорот за набавка.

Како што се наведува, претпоставениот договор со Санофи би предвидувал можност сите земји-членки на ЕУ да ја купат вакцината.

„Предвидено е, откако вакцината ќе се покаже како безбедна и ефикасна против ковид-19, Комисијата да има договорна рамка за набавка на 300 милиони дози, во име на сите земји-членки на ЕУ“, се додава во соопштението.

Портпаролот на Комисијата рече дека не може да коментира кога ќе биде објавен договорот и која е можната цена на вакцината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.