На секои седум минути починува еден човек од ковид-19 во Иран

Во Иран на секои седум минути починува по еден човек од ковид-19, објави денеска државната телевизија.

Министерството за здравство регистрирало 215 нови смртни случаи.

Во оваа зеемја од коронавирус починале вкупно 17.405 луѓе, а бројот на потврдени случаи се зголемил за 2.598, на 312.035, соопшти министерството.

Државните медиуми предупредија на недостиг од физичко дистанцирање.

Некои експерти се сомневаат во точноста на официјалните ирански податоци за бројот на случаи.

Извештајот на истражувачкиот центар на иранскиот парламент од април укажува дека бројот на починати би можел да биде двојно поголем од оној кој го пријавило министерството за здравство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.